Камионџијата изгубил контрола и преминал на спротивната лента, 12 лица загинаа во Турција

Најмалку 12 лица загинаа, а 31 е повредено од кои тројца потешко, во судир на 12 возила во провинцијата Хатај во јужна Турција, соопштија локалните власти.

До несреќата дошло откако возачот на камионот изгубил контрола над возилото и преминал на спротивната лента, при што се судрил со девет автомобили и два минибуса.

Многу возила беа паркирани покрај патот во близина на бензинската пумпа додека пријателите и роднините се збогуваа со мажите кои заминуваа на воена служба.

Министерот за здравство Фахретин Коџа изјави дека пожарите избувнале на патот Искендерун-Антакија. Министерот на Твитер објави дека на местото на несреќата се испратени 22 амбулантни возила и три спасувачки екипи.

Господ да ги помилува нашите граѓани кои ги загубија животите, им изразувам сочувство на нивните блиски“, напиша тој.

Хатај беше една од најтешко погодените турски провинции во земјотресот на 6 февруари што уништи делови од Турција и Сирија.

Најмалку 50.783 починале во Турција, според владините бројки.