Камила за Чарлс: Некогаш се разминуваме како бродови во ноќта!
Војвотката од Корнвол – Камила Паркер Боулс (74) за британски „Вог“ изјави дека признава дека поради нивните напорни работни распореди не е лесно да се најде време да се помине со принцот Чарлс.
„Не е лесно понекогаш, но секогаш се трудиме да имаме момент во денот кога ќе се сретнеме. Понекогаш тоа е како бродови кои се разминуваат во ноќта, но ние секогаш седиме заедно и пиеме чај и разговараме за денот. Имаме момент. Убаво е да си раскажеме како сме кога имаме малку време. Знаете кога ќе си одиме, најубавото нешто е што всушност седиме и ги читаме нашите книги во различни агли од иста просторија. Многу е релаксирачко затоа што знаете дека не треба да разговарате. Вие само седете и сте заедно“ вели таа.
Камила пред да биде со принцот од Велс се омажи за Ендрју Паркер Боулс, офицер на британската армија од која се разведе во 1995 година.
Принцот Чарлс (73), пак, се ожени со принцезата Дијана. Кралското семејство се раздели во 1992 година, а официјално се разведоа во 1996 година, по неверството од двете страни.