Камерон Дијаз доби второ дете на 51-годишна возраст
Американската актерка Камерон Дијаз (51) и нејзиниот сопруг музичар Бенџи Мејден (45) објавија дека добиле второ дете – син кој го нарекле Кардинал.
Двојката го доби своето прво дете, ќерката Редикд, во 2019 година, пишува магазинот People.
„Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Тој е неверојатен и сите сме многу среќни што е тука! За безбедност и приватност на детето, нема да објавуваме никакви слики – но тој е навистина сладок. Се чувствуваме толку благословени и благодарни“, напиша Дијаз во објавата на Инстаграм.