Камбовски: Ако кај судијката Алексовска Михајловска има пропусти ќе има санкции

Претседателот на Судскиот совет – Александар Камбовски на прашање за одлуката на судијката Даниела Алексовска Михајловска во врска со случајот со Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на булевар „Партизански одреди“ во Скопје вели дека ќе се разгледува случајот.

Тој порача дека ако има пропусти, ќе има санкции.

– Ова не е проблем само на благи казни и постапување на судот, туку на целото општество. Треба да размислиме што можеме да направиме за да не се случува во иднина. Се работи за случај што ја потресе целата држава, сочувствуваме со семејството и не би сакал во вакви моменти на чувства коишто ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или некои заклучоци да се изведуваат. Не се добри такви некои брзи промени да се прават во законот – вели Камбовски, по барањата на јавноста да се предвидат повисоки затворски казни за вакви злодела.