Камата од 5,5% за задолжување кај банките, штедењето се стимулира со 1,8%
Банкарските камати, и покрај повремено забележаните падови, генерално, и натаму растат.
Во март просечната стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,46 процентни поени и е на нивото од 5,5 проценти. Кај вкупните депозити стапката е 1,8 проценти, а нагорното движење е за 0,69 процентни поени.
Податоците на Народната банка за март, всушност, покажуваат незначителен месечен пад од 0,02 процентни поени кај просечната стапка наменета за кредитите.
Додека таа за депозитите во март е зголемена за 0,04 процентни поени.
Стапката што се пресметува на новоодобрените кредити е просечни 4,98%, при што е регистрирано и месечно и годишно намалување од 0,37, односно 0,28 процентни поени.
Раст има кај просечната каматна стапка на новите депозити. Месечниот е 0,15 п.п., годишниот 0,42 п.п., а изнесува 2,46 проценти.