
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски пред една недела забележа нов голем успех на тениските терени и со тоа стигна до најдобриот свој АТП ранкинг во кариерата.
Тинејџерот го освои трофејот во Мадрид и тоа му донесе нови бодови на контото.
Ивановски со триумфот во шпанската престолнина освои 15 бода и направи скок од 69 места на АТП листата и моментално е на историски најдобрата позиција во кариерата – 541 место.
По настапот во Мадрид, Ивановски играше во Трнава каде што беше елиминиран уште во првото коло.
Лидер на АТП-листата е Карлос Алкараз од Шпанија, пред Рафаел Надал, потоа следат Каспер Руд, Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.