Калин Ивановски го има најдобриот ранкинг во кариерата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски кој вчера го освои фјучрс турнирот во Скопје, бележи најдобар ранкинг на АТП листата, а 25. поени од турнирот во Македонија ќе му бидат запишани за следната недела.

Ивановски има скок од девет позиции и се наоѓа на 412. место на табелата.

Од македонските тенисери втор според ранг е Обрад Марковски се наоѓа на 1152 место.

На првото место е Ѓоковиќ со 7,595 поени, 420 поени повеќе од Карлос Алкараз (7,175) кого го елиминираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“.

Следат Данил Медведев (6,100), Каспер Руд (4,960), кого Србинот го победи во финалето на „Ролан Гарос“, потоа Стефанос Циципас (4,960), Холгер Руне (4,375), Андреј Рубљов (4,000), осми во светот е Тејлор Фриц (3,515), следен од Јаник Синер (3,300), на 10 место е Карен Хачанов (3,125).

Македонските тенисери оваа недела ги очекува настап во Дејвис Купот каде репрезентацијата на Македонија настапува во Ларнака, Кипар.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа има пад од две позиции, сега се наоѓа на 232. место на ВТА листата.