Калајџиев: Kај луѓето останува чувството дека судовите и Обвинителството не испорачуваат правда

„Некогаш работите не се толку црно – бели за да биде еден одгворен. Во крајна линија, да ви кажам мене ми беше чудно овие згрозувања на политичарите кога знам дека тие денес не мрдаат, а да се востанови посериозна контрола врз прислушувањето”- вели професорот Гордан Калајџиев на прашање кој ќе биде виновен ако застари предметот.

Во најновото издание на Трилинг, Калајџиев на прашањето колкава е вината на Заев кој побара помош од Мијалков одговори:

„Тоа беше јавна тајна. Со право во јавноста се јавија сомнежи дека можеби Мијалков би поминал полесно низ овие судски процеси кои му се на товар, но останува на ниво на шпекулации. За Зоран Заев би рекол имам генерални забелешки зошто не успеа да ги оствари ветувањата што ги даде на Шарената револуција низ овие постапки и генерално да се направи доследен обид да се востанови правната држава, што не е лесно и што низ еден куп случаи се направи една пародија од правдата, вклучително и 27. април” вели Калајџиев.