„Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта“, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на Радио слободна Европа (РСЕ). Тој оценува дека се чини дека обвинителките се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури.
„Па очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лојал формсент“ – вели Калајџиев на новинарската забелешка дека шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска е суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена во последните пет години.
За професорот повеќе загрижувачки во моментов е тоа како државата реагира на имплементација на законите и борбата со криминалот и корупцијата, односно загрижувачки е тргањето практично половина од Обвинителството за организиран криминал, што според него е практично распад на системот“.
Калајџиев додава дека зачудува и молкот од надлежните институции како Владата, Министерство за правда, дури и Претседателот.
„Тие што веројатно имаат моќ да влијаат и врз едните и врз другите, во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури“ – вели Калајџиев.