
Оценката на дел правни експерти е дека повеќе од очигледно е оти ветинг во правосудството и во политиката е потребен, но има резерви поради опасноста како ќе се спроведе за да не се претвори во својата опачина.
– Ветинг да, но под услов да биде спроведен бона фиде, а тоа е многу проблематично. Во спротивно, ќе одат само жртвени јагниња. Немаме систем што ќе оформува здрави луѓе кои ќе ги заменат тие што нема да го поминат ветингот. Тој што нуди палијативни решенија, лаже – вели д-р Гордан Калајџиев, професор на Правен факултет, пишува Слободен печат.
За најавата дека ДУИ повторно ќе го иницира законот за ветинг кој пред две години остана заглавен во Собранието, но и тогаш не доби виза од ЕУ, Калајџиев е скептичен во искрената намера и вели дека којзнае што се крие зад тоа.
– ДУИ е рак-рана, нечепнато легло на корупција. Кој знае што сè имаат од имот. Политичката елита има толку богатство натрупано што ако го донесат законот за ветинг, јас ќе се обесам. Ако ДУИ го протурка законот, тогаш треба да ѝ дадат орден – вели Калајџиев.
Законот за ветинг предложен од интегративцитепредвидува посебна агенција или комисија да врши проверка на имотите и кредибилитетот на кандидатите за јавни функции. Се предлага проверка да се врши и на актуелни и на поранешни носители на функции.