Калас ги осудува ужасните слики од израелските заложници и бара нивно итно ослободување
Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ги осуди „страшните слики од израелските заложници“ по објавувањето на видеа од Хамас и Исламски џихад, барајќи нивно итно ослободување.

-Сликите од израелските заложници се ужасни и го покажуваат варварството на Хамас. Сите заложници мора да бидат ослободени веднаш и безусловно, напиша Калас на „Х“.
Видеата, објавени од Хамас и Исламски џихад помеѓу четврток и вчера, предизвикаа негодување во Израел и повторно ја разгореа дебатата за потребата од постигнување договор за ослободување на заложниците што е можно поскоро.
Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив синоќа во поддршка на семејствата на заложниците, барајќи нивно ослободување.
Хамас вчера објави подолга верзија на петминутно видео од заложник кој се појавува, видливо ослабен, во тунел во Појасот Газа.
Видеото има за цел да повлече паралели со моменталната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и нагласува, особено преку сликата на песочен часовник, потребата од што е можно поскоро наоѓање решение ако Израел сака да ги спаси животите на затворениците.