„Како Бразилец морам да навивам за Франција во финалето на Мундијалот во Катар“

Поранешниот бразилски репрезентативен голман Жулио Цезар изјави дека во претстојното финале на Светското првенство во Катар ќе ја бодри селекцијата на Франција против Аргентина, пренесува „Евроспорт“.

– Како Бразилец морам да навивам за Франција“ – рече 43-годишниот Цезар кој дојде во Доха да учествува на натпреварот на легендите.

Фудбалерите на Франција и Аргентина в недела од 16.00 часот ќе го одиграат финалниот натпревар на Мундијалот.

Поранешниот голман на Интер смета дека „убаво е да се гледа како игра“ аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

– Но, постои здраво ривалство меѓу Бразил и Аргентина. Да беше Бразил во финалето, сигурно е дека Аргентинците ќе беа против нас. Сега нема да бидеме лицемерни – вели тој.

Цезар ја освои Копа Америка во 2004 година и играше на три светски првенства со Бразил (2006, 2010 и 2014 година). За елиминацијата на Бразил од Хрватска во четвртфиналето, тој рече дека ова е фудбал и дека понекогаш подобрите селекции не победуваат.

– Мислам дека можеме да извлечеме нешто од тоа во однос на Светското првенство во 2026 година – вели Цезар.