Вкупно 100 возачи се казнети во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден во Град Скопје.
Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола изречени се 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на моторцикли.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.