Казнети се 258 возачи во Скопје

Во контролите во областа на сообраќајот спроведени во текот на вчерашниот ден, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 64 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, пет санкции за возачи почетници, информира Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.