Казнети се 155 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.