Казна од 98 милиони долари за „Гугл“
Судот во Москва ја казни американската компанија „Гугл“ поради неуспехот да отстрани нелегална содржина, во момент кога руските власти го зајакнуваат притисокот врз странските технолошки гиганти. „Гугл“ е казнет со 7,2 милијарди рубљи (98 милиони долари), соопшти денеска прес-службата на тамошниот суд.
Русија воведе казни за најголемите технолошки компании во светот, обвинувајќи ги дека не ја модернизираат правилно нивната содржина и се мешаат во работите на земјата.
Казните што ги добија Мета (Фејсбук), Твитер, Гугл и други странски технолошки гиганти, изнесуваат десетици милиони рубљи.