Казна од 50.000 евра за Фенербахче поради скандирањата „Путин, Путин“

УЕФА го казни турскиот фудбалски клуб Фенербахче со 50.000 евра затоа што навивачите од трибините го скандираа името на рускиот претседател, Владимир Путин.

Навивачите на Фенербахче против украински Динамо Киев во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) почнаа со скандирање „Путин, Путин“ по провокациите од украинските фудбалери.

Покрај паричната казна, турскиот гигант ќе мора да го намали капацитетот за 5.000 места на некој од следните дуели во натпреварувањата на УЕФА.