Казна од 300 евра за пиење алкохол на јавно место во Хрватска

Во хрватскиот град Сплит властите започнаа да пишуваат казни за консумирање алкохол на јавни места, кои беа најавени на почетокот на годинава.

Според новата одлука за комунален ред, на туристите им е забрането да се шетаат по улиците во костими за капење, а доколку не ја почитуваат оваа одлука ќе бидат казнети со 150 евра.

Сплитските комуналии во текот на вчерашниот ден напишале 13 казни во износ од 300 евра, пренесува Index.hr.

„Уште пред ангажманот на обезбедувањето, општинската полиција на град Сплит почна да ја спроведува Одлуката за јавен ред и мир. Вчера беа изречени првите 13 казни за консумирање алкохол во стариот центар на градот во износ од 300 евра (150 евра ако се платат во рок од три дена) – напиша заменик градоначалникот на Сплит, Бојан Ивошевиќ.