Казна од околу 2.000 евра, односно повлекување на правото на дневници за 6 дена за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски најавија од Европскиот парламент.
Ова е поради тоа што Џамбаски при излегувањето од салата во февруари годинава, направи гест со подадена рака налик на нацистички поздрав.
Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти ја соопшти претседателката на Европскиот парламент – Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница.
Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците.
Џамбаски има право на жалба.
„На 16. февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот“ – посочи Мецола.
Џамбаски ги негираше обвинувањата дека упатил нацистички поздрав и рече дека тоа е само гест за збогум.