Каевски со обвинувања до градоначалникот на Кисела Вода

После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата.

Мицкоски и ДПМНЕ ги разочараа граѓаните.

Градоначалниците на ДПМНЕ на половина од мандатот имаат 0 резултати.

Ветените проекти во изборните програми ДПМНЕ не ги оствари, рече на прес конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Во Кисела Вода градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во изборната програма ветуваше нова Поликлиника, нова Противпожарна станица и ново основно училиште.

Поминаа 2 години изборните ветувања Ѓорѓиевски не ги исполни.

Во Кисела Вода нема нова Поликлиника, нема нова Провпожарна станица а нема ниту ново основно училишта.

Ѓорѓиевски не го исполни ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата.