„Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот и најголем безбедносен сојуз. Ако до пред само две години седевме надвор и очекувавме што другите ќе одлучат за нас, денес, ние рамо до рамо рамноправно со останатите членки носиме заеднички одлуки“ рече на прес-конференциј портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој вели дека „од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет“.
„Во меѓувреме, наспроти ова државничко однесување на СДСМ и коалицијата, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски гледаме деструктивни постапки со цел да се загрози европската иднина на државата. Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев правеа се, од блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија за да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја загрозат иднината на државата. Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина“ рече Каевски.