Чеченскиот лидер, еден од најблиските сојузници на Путин – Рамзан Кадиров на Телеграм по руските напади утринава напиша:
„Зеленски се жали поради нападот… А што мислеше ти, наивен Зеленски: Ти можеш, а другите не можат? Со други зборови, осум години можеше да се бомбардираат цивили, да се уништува инфраструктурата на градовите во Луганск и Доњецк, да се гранатира нуклеарната централа, да се разнесуваат мостови, да се пука во важни објекти, но кога е во прашање вашата глава, одеднаш е невозможно за било кого?“, наведе Кадиров.
Тој додаде:
„Те предупредивме Зеленски дека Русија сè уште не ни започнала, затоа престани да се жалиш. Подобро бегај пред се да те стигне. Бегај Зеленски, трчај кон Западот без да гледаш назад“.