
Кадиров итно хоспитализиран во Москва
Според изворот, Кадиров бил пренесен со амбулантно возило во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација, а состанокот на Државниот совет се одржал без претставник на Чеченија. „Едвај успеале да го реанимираат во Москва, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста“, тврди изворот.
Чеченскиот лидер и сојузник на Кремљ, Рамзан Кадиров, беше итно хоспитализиран во Москва ноќта помеѓу 24 и 25 декември по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба. Кадиров пристигна во руската престолнина за да учествува на состанокот на Државниот совет со кој претседаваше Владимир Путин, но не се појави на состанокот, пишува Украинска правда, повикувајќи се на извори од порталот Новаја Газета Европа.
Според изворот, Кадиров бил пренесен со амбулантно возило во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација, а состанокот на Државниот совет се одржал без претставник на Чеченија. „Едвај успеале да го реанимираат во Москва, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста“, тврди изворот.
Влошување на здравствената состојба и „нервни сломови“
Ова не е прв пат оваа година да се пријават здравствени проблеми на чеченскиот лидер. Порано во 2025 година, тој беше хоспитализиран во приватна клиника во Грозни, а неговата состојба наводно продолжува да се влошува од тогаш.
Самиот Кадиров претходно изјави дека доживува „нервни сломови“ и „постојано чувство на напнатост“, што го припишува на загриженоста за учеството на чеченските борци во војната против Украина.
Истрагата на „Новаја Газета Европа“ претходно покажа значително влошување на здравјето на Рамзан Кадиров, што, како што велат, го предизвикало процесот на промена на власта во Чеченија. Да потсетиме, Кадиров уште во мај изјави дека побарал да биде разрешен од должноста.