Рамзан Кадиров – лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров како коментар на изјавата на украинскиот претседател – Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена да се бори 10 години вели: „Со Зеленски се ќе биде готово за неколку дена“.
„Читам дека Зеленски изразил подготвеност да се бори 10 години. Немаме толку време, ќе завршиме со вас деновиве“ – рече Кадиров во аудио снимка објавена на „Телеграм“.
Кадиров му препорача на Зеленски да оди, како што рече, „кај постариот брат Бајден и да се ракува“ алудирајќи на ситуацијата во која минатата недела се најде претседателот на САД, Џозеф Бајден.
Бајден откако го завршил говорот во Северна Каролина, се свртел надесно и ја подал раката за ракување, иако во негова близина немаше никој.