Шеесет и седумгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека допирал млада сограѓанка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 10.35 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 67 години, по претходна пријава дека во станбена зграда во градот, допирал по телото 20-годишна кавадарчанка, се вели во соопштението на СВР – Велес.
Известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.