
Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-кју-ер“ денеска го рангира Скопје на деветнаесетото место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 111, а според податоците Скопје е најзагаден град во Европа.
Најзагаден главен град во светот е Делхи, по што следуваат Дака, Багдад, Лахор, Карачи, Калкута, Мумбаи…
Според светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот највисоко ниво на загаденост во главниот град има во Ѓорче Петров, Тафталиџе и Гази Баба.
Кавадарци го држи приматот за најзагаден град во Македонија според „WAQI“ по што следуваат Струмица, Кичево, Битола и Тетово.