Кабинетот на Гаши: Претседателот на Собранието заедно со неговото семејство отпатува во Косово, посетата беше целосно транспарентна

„Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти:

Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детаљ функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата.

Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури.

Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата.

Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието“, велат од соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието – Африм Гаши.