И хрватски државјани надвор од државата ќе бидат повикани на задолжителна воена служба

Тоа значи дека сите кои живеат надвор од Хрватска, а имаат хрватско државјанство и не ја завршиле воената служба, ќе треба да се пријават во хрватските амбасади.

Министерството за одбрана на Хрватска соопшти дека сите хрватски државјани, без разлика каде се наоѓаат, се должни да ја извршат задолжителната воена служба.

„Лицето кое го има државјанството на Република Хрватска, без оглед во која земја се наоѓа, е подложно на мобилизација“, соопшти Министерството за одбрана.

Тоа значи дека сите кои живеат надвор од Хрватска, а имаат хрватско државјанство и не ја завршиле воената служба, ќе треба да се пријават во хрватските амбасади.

Лицата кои не се појават на повикот за воена служба без оправдана причина ќе се соочат со парична казна од 250 до 1.320 евра за прекршок.