И тоа е можно: Директорката на „Завод и музеј“ – Битола сама си се унапредила

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, М.С. (53), сама донела одлука да се унапреди и за себе да си отвори повисоко работно место, информираат од полицијата.

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, М.С. (53), сама донела одлука да се унапреди и за себе да си отвори повисоко работно место, информираат од полицијата.

Притоа, таа го укинала претходното работно место „виш кустос“ и си создала ново – „кустос советник“, позиција која е едно ниво повисоко.

Според СВР Битола, ваквата промена на Актот за систематизација била направена спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи. Со тоа, пријавената, според истрагата, несовесно постапила во извршувањето на своите службени овластувања.

Полицијата ја товари за кривично дело „несовесно работење во службата“, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.