Откако Изет Меџити, членот на Советот на јавните обвинители, призна вина и склучи спогодба со обвинителството, по што беше осуден на условна казна, од Обвинителството откриваат дека и врховниот судија Наке Георгиев поднел предлог за спогодба.
-Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н.Г се исполнети законските битија на квалификаторниот облик на кривичното дело од чл. 359 од став 7, за кое е запретена казна затвор од 1 до 10 години, по поднесена иницијатива за спогодување и од осомничениот Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, велат од Обвинителството.
Мемети и Георгиев беа обвинети за случајот за земање 10.000 евра со цел, да му ја олеснат положбата на градоначалникот Боро Стојчев против кого беше покрената кривична постапка.