И Русија и Украина тврдат дека напредуваат на фронтот

Гувернерот на регионот Херсон кој е под руска власт, Владимир Солдо, соопшти дека руските сили успеале да ги уништата групите на украинската армија кои се криеле под Антоновскиот мос на Дњепар.

Според него, територијата на левиот брег на Дњепар во близина на мостот сега е целосно исчистена од украинските сили.

– Специјалните сили извршија ненадеен напад од задната страна, приближувајќи се со чамци. До три часот по полноќ упориштето беше заземено, а непријателот изненаден и поразен, изјави Салдо за руските медиуми.

Украинската страна, пак, соопшти дека продолжуваат интензивните борби на истокот и југот од земјата. Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар изјави дека трупите на Киев напредуваат во сите правци на фронтот. Украинските власти тврдат дека од почетокот на контраофанзивата, повторно е воспоставена контрола врз повеќе села на југоисток.