И Радев се огласи: Довербата во политичкиот систем во Бугарија сега зависи од постапките на политичарите!

Претседателот на Бугарија – Румен Радев го кажа својот став околу политичката криза кај нашиот источен сосед.

Тој рече дека ситуацијата во земјата бара политичките сили во парламентот да не дозволат противречностите меѓу нив да се исправат пред државните интереси. Радев истакна дека довербата во политичкиот систем во Бугарија сега ќе зависи од постапките на политичарите.

„Очекувам и владата и пратениците додека одлучуваат за сопствената политичка иднина, да не ја заборават својата голема одговорност кон граѓаните и ветувањата за справување со инфлацијата, социјалната и економската криза. Нивното однесување и дејствувањето по овие прашања не зависи само од довербата во сопствените политички формации, туку и од довербата во политичкиот систем во Бугарија во целина“ – рече Румен Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Ова доаѓа откако министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска ја достави својата оставка, откако политичката партија „Има таков народ“ на Слави Трифонов најави повлекување од владејачката коалиција во земјата.