И по два месеца, не е конституирано новото Собрание на Косово

Собранието на Косово денеска, на 32. продолжение на седницата што почна пред точно два месеца, повторно не успеа да ја конституира изборната комисија, поради што седницата беше прекината. Нејзино продолжение е најавено за 17 јуни.

За формирање на комисијата гласале 45 пратеници, еден бил против, а останатите не учествувале. Партиите Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српска листа и Коалицијата Алијанса за иднината на Косово не предложиле свои членови и не гласале.

Конститутивната седница почна на 15 април, но досега не е избран ниту претседател на парламентот.