И потпретседателката на Алијанса – Илире Даути е контра Таравари

Потпретседателката на Алијанса за Албанците, Илире Даути вечерва испрати свое соопштение до медиумите во кое се вели дека слободата на одлучување на членството не ја заменуваат со ништо.

„Не, благодарам! Слободата на одлучување на членството не ја заменуваме со ништо. Предлозите се доставуваат до Претседателството и таму се носат одлуки, па доколку поминат се проследуваат до Централното собрание. Единствениот предлог што помина на Претседателството, за кој вие самите гласавте е: Алијанса за Албанците сами да излезат на избори. Толку зборувавте за демократија и против диктатура, вечерва го направивте спротивното. Да ја зачуваме Алијансата за Албанците и нашите вредности кои ги градевме со години“, вели Даути.

Ова соопштение следува откако лидерот на партијата, Арбен Таравари преку Фејсбук статус ја побара поддршката на партијата за одење на избори заедно со албанската опозиција.