И покрај загадувањето, вечерва ќе горат огнови – за МПЦ ова е паганска традиција

Од Владата нема никаков апел, а молчат и општините иако изминатите денови Скопје беше најзагаден ден во светот. Се множат прославите надвор од МПЦ и празникот место да биде верски, се повеќе добива други форми. 

И покрај аерозагадувањето, на многу места низ Скопје и ширум Македонија вечерва ќе се палат традиционалните коледарски огнови. Од Владата нема никаков апел, а молчат и општините иако изминатите денови Скопје беше најзагаден ден во светот. Се множат прославите надвор од МПЦ и празникот место да биде верски, се повеќе добива други форми.

Официјалното одбележување на Бадник ќе почне утре пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.Но вечерва почнуваат другите обичаи за Коледе-Бадник  со палењето големи коледарски огнови, кои горат до доцна во ноќта и се проследени од локалните жители со песни, ора, грееана ракија и винои  погача. Оваа традиција е вековна, но за неа МПЦ има спротивставени ставови и ја смета за паганска тврдејќи дека нема поврзаност со христијанството.

Годинава исто така се намножија и дтруги манифестации поради што СВР Скопје најави изменет режим на сообраќај. Така, според соопштението, во понеделник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по улицата „Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на улицата„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.Практично поширокиот дел од градот ќе биде парализиран поради прославите.