И Нетфликс и ТикТок ги блокираа услугите во Русија
Нетфликс и ТикТок ги блокираа своите услуги во Русија доцна синоќа бидејќи руската влада презема мерки за тоа што луѓето и медиумите смеат да кажат за руската војна во Украина.
Повлекувањето на онлајн забавата и информациите, веројатно дополнително ќе ја изолира земјата и нејзиниот народ, откако сè поголем број мултинационални бизниси ја исклучија Русија од виталните финансиски услуги, технологија и различни производи за широка потрошувачка како одговор на западните економски санкции и глобален бес поради инвазијата на Украина.
Претходно, американските компании за кредитни картички – Виза, Мастеркард и Американ Експрес рекоа дека ќе ја прекинат услугата во Русија.
Јужнокорејскиот Самсунг Електроникс, водечки снабдувач и на паметни телефони и на компјутерски чипови, исто така, соопшти дека ќе ја запре испораката на производи во земјата, придружувајќи им се на другите големи технолошки компании како што се Apple, Microsoft, Intel и Dell.