
И ДКСК индиректно поддржа оставка на Димитровска
Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа.
Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа.
-Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка.
-Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
-Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав.
-Воедно, ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа, стои во реакцијата на ДКСК.