
И дијаспората ќе може да закаже сликање за пасош онлајн
Според податоците на Министерството, од воведувањето на електронското закажување преку веб-страницата на МВР во текот на 2024 година, месечно се закажувале во просек по 7.000 термини. Во 2025 година, бројката изнесува над 4.000 термини месечно, што значи дека преку овој сервис секојдневно се закажуваат речиси по 200 термини.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е овозможено онлајн закажување термин за сликање за лични документи преку интернет-платформата на МВР – https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request – и за лицата кои не поседуваат македонски телефонски број, односно за македонската дијаспора. Резервацијата на термин може да се изврши преку електронска пошта.
Според податоците на Министерството, од воведувањето на електронското закажување преку веб-страницата на МВР во текот на 2024 година, месечно се закажувале во просек по 7.000 термини. Во 2025 година, бројката изнесува над 4.000 термини месечно, што значи дека преку овој сервис секојдневно се закажуваат речиси по 200 термини.
Од МВР дополнително информираат дека закажувањето преку редовните телефонски линии „функционира беспрекорно“, и дека термин за редовна постапка може да се добие веќе следниот ден.
Кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година, неколку месеци пред парламентарните и претсаделски избори кога се ближеше рокот за промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, се свори огромен метеж поради неочекувана силна навала на граѓани кои во тој момент сакаа да извадат нови пасоши.
(Мета)