По девет месеци раководење со „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски поднесе оставка на функцијата директор на јавното претпријатие.
„Ценам дека новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното, а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства“, објави Сотировски на социјалните мрежи.