
И Гаши не ги слушнал скандирањата за „Голема Албанија“, навивачите биле „достоинствени“
Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој претходно ги осуди навивачите на Куманово и повика на единство на кошаркарскиот натпревар со Романија, сега молчи, односно кажа дека бил на натпреварот. но не слушнал такво нешто, а ако се случило – го осудува.
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, настапија со националистичките извикувања. И овојпат натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини функционери, вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за економија Бесар Дурмиши, но и опозиционерите Али Ахмети и Арбен Таравари.
Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој претходно ги осуди навивачите на Куманово и повика на единство на кошаркарскиот натпревар со Романија, сега молчи, односно кажа дека бил на натпреварот. но не слушнал такво нешто, а ако се случило – го осудува.
Од друга страна пак тој на својот фејсбук статус им честита на навивачите кои според него биле достоинствен пример за националните вредности.
-Им честитам на навивачите кои беа подеднакво достоинствени примери за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот. Со доверба и оптимизам го очекуваме резултатот од реваншот, убедени дека Спарк ќе се бори до крај, пишува во својот статус Гаши.
Мицкоски не го забележал, но го осуди ксенофобичното скандирање на натпреварот во Куманово