И Вучиќ разговараше со Трамп: Србија беше земјата каде поддршката за Трамп беше најголема
-Побарав да ја посети Србија бидејќи Србија беше земјата каде поддршката за изборот на Трамп беше најголема во цела Европа. Претседателот Трамп се заблагодари на огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија. Верувам дека во наредниот период ќе можеме да разговараме за натамошно подобрување на нашите односи – додаде Вучиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по телефонскиот разговор со новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп изјави:
„Само што го завршив разговорот со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Разговорот беше одличен, значаен и би рекол многу срдечен. Благодарен сум му на претседателот Трамп што знаеше многу работи за Србија – рече Вучиќ и додаде дека со Трамп разговарал и за успехот на српските спортисти, објавија српските медиуми.
Претседателот на Србија се надева дека Трамп наскоро ќе ја посети Србија.