И во Општина Гази Баба наставата ќе започнува со химната на Македонија

По примерот на Општина Аеродром, секој понеделник наставата во училиштата на територија на општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

„Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина.

Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит.

На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија“ – истакна градоначалникот Бобан Стефковски.