И во ова издание на Трилинг спектар од теми и соговорници

Домашната култура ми налага да ви речам добра вечер.

Професионално, не сум сигурен колку денот ни е добар.

Во државава криминалците влегуваат и излегуваат од затвор, кога и каде сакаат. Обвинителката која преговараше со милионерите евтино да си ја плаќаат слободата заминува во заборав. Избрана е замена за Русковска која вешто манипулираше со јавноста. Нејзиниот наследник Абази веднаш се прослави со лага. Како ли ќе ја бара скриената вистина?

Владата, конечно, ќе ја субвенционира струјата за фирмите од прехранбениот сектор. Но дали нивните газди ќе имаат доблест драстично да ги намалат цените на своите готови производи и да се смирува инфлацијата?

Тешка одлука за менаџерите кои се научија да бидат субвенционирани во нивниот екстра профит.

Во Америка избори, на исток безалтернативен мир. Русија и Украина ги копаат своите ровови. Односите Москва – Вашингтон се и ќе останат лоши, велат руски извори.

САД сугерираат Киев да се подготви за преговори со отстапки. Зеленски и Путин својот опстанок го базираат со воените офанзиви.

И кажете дека денот може да се следи со оптимизам.

И ова издание на Трилинг спектар од теми и соговорници.