И во кризна година буџетската поддршка за политичките партии во земјава не запира, па Министерството за правда исплатило 208 милиони денари (3,4 милиони евра) на политичките партии.
ВМРО-ДПМНЕ годинава доби највисока сума – 730.000 евра, а СДСМ – 680.000 евра.
ДУИ е трет на оваа листа со околу 350.000 евра, пред Алијанса на Албанците со 150.000 евра.
Левица се искачи на петтата позиција со 7,5 милиони денари. За споредба во 2021 година добиле безмалку 4.3 милиони денари.
Во 2019 политичките партии постигнаа договор и водечките партии во земјава со 101 глас „ЗА“, го сменија Законот за финансирање на политичките партии и од Буџетот на годишно ниво добиваат 0,15 проценти од вкупните приходи во државната каса.
Вкупно 30 отсто од средствата се распоредуваат подеднакво на сите политички партии кои освоиле најмалку 1% од вкупниот број од гласовите на избирачите кои гласале на последните парламентарни или локални избори, а 70% од парите се доделуваат на партиите според бројот на освоените мандати во Собранието или пак советнички места во општините.