И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која се приведени Капушевски и Јахоски

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.

Како што објавивме претходно приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ. Во истрагата е опфатен и неговиот бизнис партнер Ерџан Сулковски. Претходно, како што објавивме, „обезбеден“ е и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.

Полицијата и Јавното обвинителство потврдуваат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, меѓу кои, покрај Ковачевски, и поранешните директори на ЕСМ, Адријан Муча и други вработени во оваа државна компанија, но и лица од фирми кои наводно нелегално набавувале и дистрибуирале деривати. Ковачевски е во бегство поради друга истрага што се води против него.