
И авиoнот на Бујар Османи имал проблем со ГПС сигналот кога во 2023. летал над Бугарија
Инцидентот со ГПС уредот на авионот на Урсула фон дер Лајен над Бугарија не е изолиран случај. И претходно имало такви инциденти, но биле прикриени. Еден таков инцидент се случил и со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија, каде што беше во улога на претседавач со ОБСЕ и летал над Бугарија.
Инцидентот со ГПС уредот на авионот на Урсула фон дер Лајен над Бугарија не е изолиран случај. И претходно имало такви инциденти, но биле прикриени. Еден таков инцидент се случил и со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија, каде што беше во улога на претседавач со ОБСЕ и летал над Бугарија.
Албанскиот портал „Lexo.al“ дознава дека авионот на Османи претрпел целосен прекин на ГПС сигналот во бугарскиот воздушен простор во февруари 2023 година. И во овој случај, како и во случајот на Фон дер Лајен пилотите биле принудени да користат традиционални алатки за навигација и печатени мапи, следејќи ги точно истите протоколи за итни случаи што се користеле неколку дена претходно за време на слетувањето на претседателката на Европската комисија во Пловдив.
Овој факт никогаш не е објавен, ниту од ОБСЕ, ниту од Европската унија, ниту од властите на НАТО. За разлика од случајот Фон дер Лајен, кој беше отворено воден од Европската комисија, инцидентот со Османи од 2023 година беше управуван во рамките на структурите и остана скриен до денес, се наведува во текстот.
Сличностите меѓу двата случаи се впечатливи. „Два такви инциденти, кои влијаат на високи функционери на истата патека на летот, јасно укажуваат на системска ранливост“, рече европски аналитичар за воздушна безбедност. „Во најдобар случај, тоа е неуспех на транспарентноста. Во најлош случај, тоа е знак на длабок компромис во рамките на клучните бугарски институции“, пишува порталот.
Според текстот, со откривањето на случајот со Османи, сликата станува помрачна за бугарскиот воздушен простор.
Бугарскиот премиер Росен Жељасков по инцидентот со авионот на Урсула фон дер Лајен изјави дека нема причина да се истражува таа ситуацијата, бидејќи нарушувањата не билe ниту хибридни ниту сајбер закани.
Европската комисија беше известена од бугарските власти за инцидентот со блокирање на ГПС сигналот за време на летот над Пловдив на авионот во кој патуваше Фон дер Лајен, изјавија портпаролите на Европската комисија, Аријана Подеста и Ана-Каиса Иконен.
„Бугарските власти нè информираа дека се сомневаат во намерно мешање од страна на Русија“, изјави Подеста за новинарите во Брисел.
Според бугарскиот премиер, во овој случај станува збор за мешање поврзано радио-електронско војување околу Украина.
Ова е феномен во кој, како резултат на суперпозиција на два или повеќе радиомагнетни бранови, се добива комплексен бран со зголемување на амплитудата во некои области и намалување во други. Нешто како рефлектирани сигнали, рече тој.
Жељасков објасни дека мешањето поврзано со радио-електронската војна што ја водат двете страни над Украина е од Хелсинки, преку Црното Море, Ереван, Тбилиси, Кипар, Сирија и до Триполи. Сето ова е мешање бидејќи влијае на радиофреквенцискиот спектар на ГПС сигналот, кој го емитуваат сателитите што се наоѓаат речиси 20 км над Земјата, коментираше бугарскиот премиер.
Авионот со Урсула фон дер Лајен летал за Бугарија со блокиран ГПС, сомнежот е на Русите