Ишиба: Одлука за оставка ќе донесам во соодветно време
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска изјави дека во соодветно време ќе донесе одлука за тоа дали ќе поднесе оставка, откако тоа од него го побараа некои пратеници од неговата владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП).

На заедничкиот пленарен состанок на пратеници на ЛДП од двата дома на парламентот, Ишиба напомена дека „нема никаква намера да се држи“ до премиерската функција, додека се извини за губењето на контролата на партијата над Домот на советници на изборите во јули.
Сепак, јапонскиот премиер вети дека ќе остане на функцијата претседател на ЛДП, пренесува Кјодо. ј