
Италија: Над 300 лица уапсени и запленета e 1,4 тони дрога
Тристотини и осумдесе и четири лица се уапсени во Италија, а околу 1,4 тони дрога се запленети во голема операција на италијанската полиција против трговија со дрога.
Тристотини и осумдесе и четири лица се уапсени во Италија, а околу 1,4 тони дрога се запленети во голема операција на италијанската полиција против трговија со дрога.
Покрај апсењата, полицајците под истрага ставија 655 лица, вклучувајќи 39 малолетници, и конфискуваа 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје, се вели во полициското соопштение, пренесе „Бета“.
Операцијата, која заврши вчера во неколку провинции, доведе до привремено затворање на пет продавници за канабис во три града по 312 инспекции, објави „Ројтерс“.
За време на проверките, полицијата соопшти дека запленила 296 килограми производи од канабис, за кои првичните тестови покажаа дека се нелегални дроги.
Италија во јуни донесе безбедносен декрет со кој се забранува таканаречениот „легален“ канабис и се забранува трговијата со „канабис лајт“ или коноп, кој за разлика од марихуаната нема психоактивни ефекти.