Во европските земји во пензија се оди на 67, но и на 56 години.
Податоците од пензиските фондови покажуваат дека најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија. Италијанците мора да работат до 67 години (и мажи и жени) и 20 години работен стаж, додека во Русија во пензија се оди со 61 година и 6 месеци старост и 13 година пензиски стаж за мажи и 56 години и 6 месеци старост и 13 година стаж за жени.
На Балканот возрасната граница за одење во пензија е 64-65 години. Во Македонија мажите се пензионираат на 64, жените на 62 години.
Животниот век во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години.
Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години. Италија има очекуван животен век од 82,3 години, а најмал има во Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години.
Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на „Евростат“.