Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија
Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил.
Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил.
На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре.
Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот суд донесе пресуда дека нивниот притвор е неважечки и им наложи на властите да ги врати во Италија. Судот наведе дека матичните земји на мигрантите не ги смета за сигурни.
Како одговор на пресудата, италијанската Влада усвои нова уредба чија цел е надминување на правосудните препреки во контроверзниот договор за миграција во Албанија.
Италија минатиот месец официјално отвори два центра во Албанија за обработка на барањата за азил.